Нашата филозофија

Се за љубовта

Нашата цел за производство на вино е едноставна - се стремиме да направиме што е можно поквалитетни вина што вистински го претставуваат местото и луѓето од кои доаѓаат. Сите наши вина се директен одраз на нивното лозје и сезоната во која тие се одгледуваат.

Нашите Најдобри Вина

Истражете ги вкусовите на Винарија ГРОЗД

Вината од нашата визба се пристапни, привлечни, пријатни и деликатни, лесни за пиење кои секогаш се вклопуваат во различни ситуации. Тие го покажуваат напредокот што нашите винарски експерти го постигнаа кон винската рамнотежа и развиено чувство за умереност.Вкусот и комплексноста на нашите вина се уникатни и пропознатливо македонски. Интензивните ароми се резултат на комбинираното влијание на средоземната клима.Долгиот процес на зреење на грозјето во овие климатски услови ги концентрира шеќерот и киселините на грозјето, осигурувајќи богати бои и комплексни ароми во нашите сорти вина.

елегантно суво бело вино

квалитетно суво црвено вино

полусуво црвено вино

полуслатко црвено вино

квалитетно суво црвено вино

слатко црно вино

суво бело вино

Лозови насади

Истражете ги нашите убави полиња

Грозјето на АД Струмичко поле е обезбедено од сопствените 700 хектари лозови насади во Струмичко-Радовишко виногорје, кое се наоѓа во најјугоисточниот дел на Р.Македонија. Ова подрачје е под влијание на медитеранска клима која во повисоките делови преминува во умерено-континентална, а долгиот процес на зреење во овие климатски услови ги концентрира шеќерот и киселините на грозјето, осигурувајќи богати бои и ароми во нашите вина. Комплексноста на нашите вина е препознатлива и уникатна.

Награди

Докажан кваилитет

Нашите барања за квалитетот на нашите вина се високи. Задоволни сме и благодарни за многуте национални и меѓународни награди кои ги потврдуваат нашите стандарди за квалитет и патот што го избравме. AWC Виена, BeoWine, Decanter …..и многу други добро познати награди - со нетрпение го очекуваме секое ново признание за нашите напори и гледаме на тоа како потврда и мандат да продолжиме да создаваме исклучителни вина за нашите потрошувачи.